кога (прил.) - мора (гл.)

А кога мораше, просто си ја затињаше устата со раката и ја вртеше главата настрана, па и така чувствуваше непријатна миризма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И стражарите исто така се однесуваа спрема криминалците со извесна воздржаност, дури и кога мораа да употребат сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во студените денови, кога морав да останам по бифеата, читав аутсајдерски книжулиња.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со денови седев затворена дома, како полжав во куќичка, надвор одев само кога морав, до гробишта, банка и да купам нешто за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Тоа го видов по два дена кога морав по секој начин да одам до едната од двете маказаречки продавници, да купам една кутија цигари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Просто ми беше жал кога мајка ми ја принесе софрата и кога морав да се симнам од коленото на гостинот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Зборуваше кога мораше. Најчесто кога требаше да предупреди на некоја законска одредба од делокругот на неговата работа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Другарчињата беа добри, креветчињата беа меки, но што вреди сето тоа кога мораше во одредено време да се станува, да се јаде и да се спие!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Има да се знае, и тоа еднаш засекогаш: кога Зоки се бања... то ест, кога мора да се бања, ќе се бања... то ест мора да се бања сѐ околу него. И точка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Објава повеќе драми се случуваат во мигот на обраќање зборовите ги одгледавте но срцето неприпитомливо интимно тера по свое граѓани час е кога мораме да погледнеме во мисловните спреги од нив зависи тежината на зборот климата на подрачјето на душата обновата на смислата младоста граѓани час е да се свртиме еден спроти друг со силата на љубовта во име на огнот допуштам да се размножува симболиката на Дрвото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)