кога (прил.) - седне (гл.)

Се качивме во авионот. Првата мисла кога седнав во авионот ми беше АПСУРД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еднаш, кога седна на истово столче, таа, без зла намера, повеќе на шега, му рече: „Си гледал шатка како трча, со крената тртка и поткастрени нозе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само поскоро да стигне. Мислеше ќе ѝ искочи срцето од градите кога седна до шоферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
СИМОН: Уште кога Ве видов од перонот и кога седнав овде со Вас и се напивме вотка, знаев.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)