кога (прил.) - слезе (гл.)

Кога слегоа на патот, Горјан го запре Трајчета и му објасни: - Кога ќе дојдеш во Струга, ќе свртиш по десната страна крај Дримот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се спуштавме по таа страна на Галичица како одврзано летало, клацкајќи се на свиоците како балоните во багажникот, а кога слеговме на Преспа не продолживме кон Отешево туку свртивме кон Стење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Та кога слеговме со татко ми од Карабуниште до Солун, сѐ по патот и стадата на Куцовласите, со ниет да спечалиме нешто по светот, место да се качиме за Босфор или како што се викаа Дарданели, ние сме се качиле за Гибралтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога слезе од возот, Ване не појде со врволицата по перонот па низ холот да излезе од станицата за да продолжи по улиците на кои во тие утрински часови се среќаваа само луѓето што одеа на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)