кога (прил.) - станува (гл.)

Најсилната и најбројна публика е онаа меѓу 25 и 45 години.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, кога станува збор за радиото, сегментацијата е мошне разнолика: искусните радиски луѓе велат дека има значајни разлики меѓу „клинците“ од 13-18 год. и оние од 18-25; понатаму постојат категории, шминкери, уметници, панкери, пчелки и „обични деца“!? 112 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овој логичен факт доведе до една друг вистина во науката-уметноста-вештината на огласување: секогаш треба да се истакнува една идеја, една магична област која посочениот производ го одвојува од сите други на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хорацио знае да ме поткара: - Миличок, кога стануваш, кажи ѝ на столицата довидување. Ливчето со телефонскиот број го загубив.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не се симна на Сен-Силпис, тоа го знаев уште пред возот да почне да кочи, тука е онаа подготвеност на патниците, особено на жените кои нервозно ги проверуваат пакетите, го затегнуваат капутот или гледаат отстрана кога стануваат за да ги избегнат колената во оној момент кога губитокот на брзината ги врзува и заглупува телата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но како може да се заштити тоа што си го посеал со љубов кога станува залак за другега.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога станува збор за иднината, за футуризмот, тоа е нешто уште покомплицирано.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Екологистичкото инсистирање врз избегнувањето на страдањето може да е вистинито кога станува збор за животните, за коишто можеме да речеме дека се придвижени со инстинктот за самоодржување; но, кога станува збор за луѓето, важи спротивното - како суштества на јазикот тие битно се означени со силата на самоуништувањето, т.е. со нагонот на смртта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Не постои слеп пат“, ме уверуваше Пеперутката, „освен во случаите кога станува збор за некоја стапица“. (Ќе потсетам дека и ноќта за која зборуваше Пеперутката, беше ноќ на полната месечина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Засадуваат по едно дрвце кога стануваат членови на Детската организација.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се говори, се повторува на сите страни: “Тој е татко на француската литература”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луј Фердинанд Селин РАБЛЕ НЕ УСПЕА(ФРАГМЕНТ) (...) Гледајте, кога станува збор за Рабле, секогаш се зборува она што не треба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)