кога (прил.) - стаса (гл.)

Фирсов чита: ,Кога стасавме во Елбасан, другарката Небеска го зеде државното знаме што го донесе бугарската делегација на Вториот конгрес на НОФ и од него направи женски гаќи".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога стасавме во Будимпешта на станицата Њигати (западна). Кога слеговме од возот и кога пред моите очи блесна убавината на тој велеград јас, а веројатно и сите други деца, останавме фрапирани, бидејќи дотогаш не знаев дека постои струја...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога стаса на Велјановата Ливада, му викна на коњчето: „Стој, Дорчо!“ Коњчето послушно застана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)