кога (прил.) - сфати (гл.)

Пту, си присторив кога сфатив дека сум во Македонија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но кој ќе излезе накрај со таа питомост која и ни овозможува да преживееме, речиси во истиот момент си реков себеси дека можеби Ана (дека можеби Маргарита) нема да се симне на Монпарнас-Бјенвени (и не се симна), дека нема да се симне на Вавен, и не се симна, дека можеби ќе се симне на Распај бидејќи тоа е првата од двете преостанати можности, па кога ни тука не се симна и кога сфатив дека останува уште само една станица каде што би можел да ја следам наспроти последните три каде што веќе сѐ би било сеедно, пак ги побарав очите на Маргарита на прозорското стакло, ја повикав од таква тишина и неподвижност што тоа мораше да допре до неа како зов, како бран, ѝ се насмевнав со онаа насмевка која веќе ни Ана не можеше да ја занемари, која Маргарита мораше да ја прифати иако не го гледаше мојот одблесок камшикуван со полусветлото на тунелот што веќе избиваше на Данфер-Рошро.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)