кога (прил.) - тргне (гл.)

Иако кога тргнав од дома бев спремна за разговорот со Филип, кога го видов како радосен што ме гледа пристигнува во кафаната, како и мојата храброст да ја снема.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кога тргна по неа, Винстон виде дека се наоѓаат на една природна чистинка, едно мало тревнато ритче опколено од високи млади дрвја кои целосно го затвораа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
-Не, немаш право - му се здаде таа на другарот секретар - знаеш што ми рече мој Благоја кога тргна за на фронтот?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во моментот кога тргнал да се врати во родното место, Мијато Акиносуко се разбудил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)