кога (прил.) - умира (гл.)

Кога умираш сета од јасност остануваш белезица на душата на ноќта кога умираш О ако умираш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но никој не го дава: кога умира, умира со раката на него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Престани да ми проповедаш!“ викна оној другиот, повторно со полн глас, и тргајќи ги дланките од лицето, удри со тупаница по подот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„А што значи смртта? Кога умираме, умираме за да му се придружиме на Господа...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Затоа беговите не се жалеа кога умираа половината од децата. – Добар сој е нашата раја – многупати си велеа некои од нив. – Нема да останеме без работници дури вака се котат како зајаци...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Летото 1612-та, токму кога умира детронизираниот и душевно болен цар Рудолф II, Јаков Беме ја завршува својата „Аурора“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)