кога (прил.) - татко (имн.)

Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Татко преведе најголем дел од сиџилите, Климент Камилски му предложи на Татко да работат на речник на сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Мајка, која ги допрати до капијата не знаејќи што се случува, се смири кога Татко кусо ѝ рече дека брзо ќе се врати.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Изутрина, кога татко излегуваше за на дуќан, мајка му рече: „Денес, Јордане, порано дома врати се, зашто ќе дојдат нишан да разменат.“
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тоа беа неговите единствени зборови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога татко ми и јас заминувавме од гробот на дедо ми, на неговиот закоп татко ми се сврте кон мене и рече, „Сега неранимајкото е мртов”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Чанга со восхит слушаше една вечер кога татко ми занесено му раскажуваше како козата успешно поминувала низ римската, византиската, отоманската, па еве веќе успеала да се пробие и низ сталинската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми се сеќаваше на една од ваквите ноќи, во куќата крај езерото, кога татко ми, од прастарите цариградски списи, пишувани на рака со арапско писмо, а се однесуваа на блиските предели – откри каде може да има хромна руда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кога татко ми ќе донесеше по некој домат или мајка ми ќе дочекаше да узрее од нејзината градина, тогаш се менуваше бојата на нашето постојано исто тесто.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XV Кога татко ми скришум ѝ потшепна на мајка ми дека со „Сталин е готово“, ние децата веднаш помисливме на нашата кутра Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сета куќа ѝ лекна кога Татко го мина прагот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа беше и времето кога Татко и Мајка конечно се договорија да им ги кажат на своите деца тајните од нивните животи кои, доколку биле кажани порано, можеле да бидат опасни за иднината на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)