кога (прил.) - прв (прид.)

Почекај малку, порасни, знаеш ли кога прв пат во животот сум ја минал границата? Кога сум бил студент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога прв пат ја видов, помислив дека таа во самовилските коси, долги и необично црни, ја крие ноќта, а во ноќта сатаната.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од тие причини се избезумив кога првиот пат го слушнав Документот...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А, не ти, уште основно не завршила, туку „дави„ со тоа!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)