кога (прил.) - како (прил.)

Дишејќи ги така опојните мириси што избиваа од сламарицата, чувствувајќи го нивното благотворно дејство, на ум му дојде истото вакво дишење на сламата во плевната кога како дете се разболе; бегаше од болеста што го имаше приковано за креветот во собата и одеше кришум во плевната и запретувајќи ја главата во сламата и сеното, дишеше од миризбата и чувствуваше како го закрепнува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)