колку (прил.) - сум (гл.)

Можеби сепак колку-толку сум успеала да допрам и да опипам нешто човечко во него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Господе! Колку сум грешна!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оф, зборувам глупости. О, колку сум проста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се запишав веќе во шесто одделение и бидејќи бев висока по раст ми се чинеше кој знае колку сум голема.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А јас дотогаш не знаев колку многу сум го сакала Даниел и колку сум му потребна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Елефтерија дотропа до него, го фати през половина од задната страна, се стегна во него, се исправи со раменото под неговата мишка и рече без сериозно да го мисли тоа: „Забележуваш ли колку сум повисока?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Кој ли ќе знае колку сум лежел занесен?“ се прашуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се огледувала месечината во бистрината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се видела во водата, се зачудила: „О колку сум убава!“ се возбудила.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А Никифор Абазовски постојано да ме бара. Да види кај спијам, колку сум далеку од него. Слушам: ене ја горе!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму затоа што толку често ми кажувале колку сум никаков во бидувањето геј и колку требало да учам „како да бидам геј“, зборчињава ми имаат толку занимлива сила.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- О, да знаете само колку сум почестена, воздигната до небото!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- А вие знаете ли колку сум јак. Како камен. Молкна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Колку сум копала, не знам, ама кога се исправив гледам се примрачило.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сите ние сме во своите черепки. Гледаш ли колку сум грда?“ рече таа. 9
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)