колку (прил.) - ги (зам.)

И колку тие да ја сардисаат четата, ти удираат на овчарот Ристета и овој, колку ги видел, почнал да вика: „У ош, ош, ош! Мрчо, Шарко, Лиса, кај ватите бесот да ве вати!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Дали сте свесни за важноста на сегашноста или упорно се обидувате да го реконструирате минатото?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веројатно некои од присутните си дошепнуваат: „Остави го, неприпитомено дивјаче“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Дали имате време на луѓето околу вас да им кажете колку ви се потребни и колку ги сакате?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знам колку ги дослушнувам зборовите на сочувство?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Живееше во еден пансион со триесет други девојки („Постојано сред смрдеа на жени! Колку ги мразам жените!“ рече таа попатно), а работеше, како што претпоставуваше тој, на машините за пишување романи во Одделот за проза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку ги имаше кога дојде кај нас ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)