колку (прил.) - го (зам.)

Боже, ти колку го сакаше, без резерва, без отстапница, ама ти си мислела ако појдеш со човек кој има само едно рало чевли, загарантирана ти е љубовта и преданоста, како секогаш да има две страни, од едната богатство, од другата доблести со верна љубов како круна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во нив не остана ништо освен жалење поради тоа што го сториле, и љубов за Големиот Брат. Беше трогателно колку го сакаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)