колку (прил.) - ти (зам.)

Меѓу цвеќето таа беше како голема пеперуда и јас можев да ѝ ги кажам само овие зборови: - Колку ти е убав букетот, мила...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знаејќи колку ти е страв да си сама, еве ме овде да го заштитам твоето гнездо од натрапници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се сети и на нивните зборовите: „Е, бате, Стојмене! Имаме земја колку ти гледаат очи, салаш со азган коњи, но што ни вреди кога челадта не одминува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако се сетиш, името едноставно ти излетува на ум а потоа на уста. Зависи од тоа колку ти треба.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Ова пак е Молитвеник, да не ти кажувам колку ти е тој неопходно потребен, човеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Помислив еднаш да се вратам, и така бев го заборавил клучот в цеб...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Знам колку ти е тешко.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: (се смее). Што рече: „Фрли колку ти е стасана раката и не плаши се од пресолување“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Никого не го интересира колкава плата имаш, како си ја платил колата или колку ти кошта куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ЉУБА: А, твојата уметност! Твојата уметност... Најнапред јас навистина мислев дека ти си прекрасен, изразит, скапоцен камен, но сега знам колку ти вредиш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И колку ти е кешот во џебот, толку ти е умот во главата“, им велеше тој на брезничани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Знаеш кога да си ја пуштиш а кога да си ја прибереш насмевката. Кога да си ја затнеш а кога да си ја одзатнеш муцката. Да знаеш само колку ти завидувам поради тоа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ајде, Рајно“, и велам јас, „изброј до три и сврти се кон мене. Погледни ме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)