колку (прил.) - далеку (прил.)

- Никаква Анка, никакви глупости! - свика баба ми. - Знаеш ли ти колку далеку живее таа? Дури на Бит-пазар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Гледањето, велиме, е верување. Во која мерка ние и веруваме во она што го гледаме и го гледаме она во што веруваме? Колку далеку оди тоа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Ги гледаш возовите, а тие идат од далеку, кој знае од колку далеку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)