колку (прил.) - малку (прил.)

Колку малку го слушаме својот внатрешен глас, колку малку умееме да ги читаме знаците што секогаш непогрешно ни ги покажуваат вистинските насоки...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Боже колку малку чини мојата исхрана!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Господи, си помислува Пелагија, колку малку лафа, а цела приказна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Колку малку му беше потребно на пилотот- писател да се одлепи од земјата и таа со сите нејзини протагонисти од небеските височини да му се види мала, безначајна, со невидливите луѓе, нивните градби, со нивните немири и војни, градби и урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)