колку (прил.) - многу (прил.)

Таа не е тука и јас не можам да ѝ кажам колку многу грешев и колку многу ми недостасува.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа и не можат да знаат колку многу личат сите тројца.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На потомците им остави лози натежнати од мака, а и мртов смогна да им даде ишарет - колку многу ветер и магла имало на Клиничките патеки на власта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Велгоштанецот мошне арно знаеше колку многу ги сакаат неговите приказни луѓето од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стројничката знаеше колку многу копнее Карче да се сроди со една видна охридска фамилија, како што беа Попставревци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеш ли да си замислиш колку многу боли кога родното место го напуштат под принуда?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се симнавме по скалите и пристапивме до масите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да,“ рече брат ми. „Колку многу убавина.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А ти не знаеш, мамо, колку многу работи имаше: многу нови згради, широки, улици, па разнобојни лимузини, црвени автобуси... Како ќе го нацртам сето тоа?
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Беше уште потежок кога го отвори сандакот, каде што си ја држеше храната, и кога откри дека ја нема уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прогонуваа една со друга толку спокојно, и надоаѓаа во неоретчени налети, како горе да ги имаше уште којзнае колку многу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Море колку многу е себичен човекот, си мислам, колку брзо заборава на своите домашни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Љубов моја! Знаеш колку многу те сакам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку многу имаше фатално навестување на смртта во стиховите на Махмуд Дарвиш: Го оставам срцето во долапот на мојата мајка која го оплакува времето што нема да се врати!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Биди што си каде и да си Понеси го само товарот на твоето срце И врати се кога сите земји Ќе ти станат татковина Махмуд Дарвиш Нашите средби се само збогувања на крстопатите на зборовите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски се сети дека Мајка често служеше чај, подготвуван со еден голем и мал ибрик, се со врелата вода од големиот ибрик се попарувал чајот од малиот ибрик и потоа одозгора се истурала количина врела вода, чајот се служел со посебни чашки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја гушкав твојата слика, плачев, многу плачев, сакав да се врати времето, па тебе да те гушнам и да ти кажам колку многу те сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Многу брзо зачекори и по платото пред Саемскиот комплекс. „Господи, колку многу снег“, вистински се изненади Филип Д.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Големата кукла не ѝ се довери на малата, за тоа колку многу ѝ завидува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И колку многу цвеќе исклоцавме, искинавме, изгазивме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку многу љубов има влезено во книгите, ќе си велам, и колку многу останало така...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ах, - си мислев, - да требаше да доаѓа со нас и мајка ми, колку многу нервози ќе имавме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Колку долго сонував да ја имам, се сеќаваш? И никако да ја добијам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги наѕирав меѓу гранките. Беа петмина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да ти објаснам – ѝ реков. – Паметиш колку многу сакав да имам кукла Барбика?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гледај колку многу се радуваат што ги нашле, а за сопствениците не ни размислуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постојано слушам како се зборува за опасноста од цигарите и постојано гледам колку многу негови врсници пропушиле. И се плашам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми и татко ми, гледам, никако не го контролираат, па решив работата да ја преземам во свои раце.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Воопшто немам намера во тој момент да ѝ раскажувам како се чувствував и колку многу ми недостигаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)