колку (прил.) - убаво (прил.)

Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Колку убаво“, си мислев. „Колку е убав, благонадежен и чесен човековиот род“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А колку убаво ни беше кога се каравме, вели, знаете кога ни пративте писмо: ״никој да не преоѓа од Пукнат Камен подолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Следните денови, Карл и самиот се чудеше колку убаво се чувствува во домот на овие четири жени... Како отсекогаш да бил тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лицето ѝ се вцрвило од игра и сонце: „Утре ќе ви раскажам колку убаво си поминав.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Колку убаво е да имаш буквар и да си читаш од него!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Навистина колку убаво би изгледала куќата на соседот кога оџакот би бил како саксија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)