конкретно (прил.) - и (сврз.)

Конкретно и јасно. Дури и вистинито.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потем не се сеќавам на ништо конкретно и сигурно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)