кратко (прил.) - му (зам.)

И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега помагај, — му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат ми беше уште потешко да ги закопчам панталоните: при напорот да ги приближам копчето и дупчето во кое тоа требаше да влезе, чувствував огромна болка во стомакот, па така си ги покрив панталоните со маицата и недозапетлан, излегов надвор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)