крвав (прил.) - месо (имн.)

Како некаков Jack the Ripper кому не му е важно дали ќе го распори првиот на кого што ќе налета, како некој кому треба да му се верува дека од раце јаде крваво месо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но подоцна, малечкиот сладок дебелко ненадејно почнува да му дофрла парчиња свежо, крваво месо на изгладнетиот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Место татко, тие видоа обезличено тело, расчепено со синџир крваво месо што се превиваше и цвилеше, и сред тој ужасен сплет, нешто што било лице, со едно искорнато, друго избезумено око од кое кричеше неподнослива болка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)