лани (прил.) - бев (гл.)

Лани беше номиниран за Голден Глоуб за една продукција на Милош Форман, иако мене многу повеќе ми се свиѓаше неговиот саундтрак за извесен нискобуџетен мексикански филм.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Буљукбашијата Сефедин многу добро го знаеше патот, бидејќи лани беше да го однесе писмото од кадијата, та не се брзаше многу-многу.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак ќе го прекинеше џвакањето Кала и ќе речеше: - Лани беше поголемо прасето... - Беше... - И преклани...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го приготви ферманот за мариовскиот хас, писмото за кадијата и по пет дена тргнаа, та ги одведе своите Мариовци по оној ист пат по кој лани беа отерани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— И лани беше истата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)