лесно (прил.) - гази (гл.)

Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тргнуваат фатени за раце. Чекор в чекор, една покрај друга лесно газат по мекиот снег и зад себе трага не оставаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа лесно газеше кога се движеше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)