макар (прил.) - што (прил.)

И макар што ништо од сѐ што се раскажува за него не излегува надвор од природниот начин на живеење на птиците грабливки, сѐ е претерано зголемено, грозно и злокобно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го откопча пагурчето од појасот, голтна две-три голтки, се исправи, пак погледна на старата, пушти долг чекор и кога се израмни со неа, врза збор: - Само кураж и макар што патот е правлив, ти сестро, оди пред себе и не гледај зад грб... Само кураж...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И овој пат сакаше да ѝ бакне рака, не знаејќи како поуверливо да се заблагодари за чудесниот вкус на тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што си имаше проблеми со неумереното консумирање храна, Камилски прв го вкуси парчето пита.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Макар што дејството кое го изведуваше како сопствена драма не беше ни тронка заслужно за аплауз.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со мојата одбрана раководи полковникот. Макар што е во пензија, работата си ја познава.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие доаѓаа наваму и паѓаа во мојата градина како Швабите под Сталинград. Поштарот со телеграмата, пријателите од градот, новинарите. Не можам да се сетам на сите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Шишман на братучедот се надеваше. Се воздржа макар што рече, ама сѐ почесто и почесто погледнуваше кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Макар што беше последниот ден на месецот февруари, надвор како никогаш во тоа доба на годината блескаше раскошно сонце.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Макар што знаев дека дистрибуцијата на телеграмите кои стигнуваа во посебен центар во Министерство за надворешни работи на СФР Југославија, се вршеше преку посебна, специјализирана служба, на крајот од телеграмата, нагласив таа да му биде дадена на внимание и на Претседателот на претседателството на СФР Југославија, другарот Лазар Мојсов!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Единствено Геро имаше калауз за секоја квака, макар што го држеше само клучето од катанецот на шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чанга беше загрижен за нејзината судбина, макар што волкот сѐ уште не се појавуваше пред нејзините очи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа влезе во собата. Макар што сончевите зраци шетаа по татковите книги, ламбата не беше изгасната.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Молчеше, макар што знаеше дека не спиеме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Имајте го Младичот постојано на нишан и ако ви се види макар што сомнително удрете со сите куршуми во него, макар и не го убиле Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Но, што стана со јагулите? - побара разјаснување Татко, макар што одговорот беше претходно даден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И зошто одненадеж, паф, се измазнува ко песја муцка ко опашката на Макс мачорот, душичка (врати ми го, те молам!); „Простете, не беше намерно“, вели езерото ми ги краде зборовите небаре расипало скапоцен предмет а јас, како ништо да не било скокам во него пливам, и нуркам, и го гушкам и повторно го сакам, свежо (макар што јас не знам што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Бидејќи имаше кино-проекции и во неделите, Мајка одеше понекогаш да работи и прекувремено, макар што Татко ја молеше барем тие денови да си останува дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)