малку (прил.) - потоа (прил.)

Малку потоа: „Ти Влав, јас Евреин? Мил ибн Тајко, зошто сѐ мора да се именува?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку потоа, зад витрината, од вратата што не ја забележав, изникна сајџијата, неговото лице се одлепи од ѕидот што трепереше под секундите на часовниците.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Неговата старечка бавност не ветувала спас. Но не бил старец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)