масовен (прил.) - да (сврз.)

Монархистите за да ја задушат револуцијата, почнаа масовно да затвораат и убиваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дрогата се викаше Екстази; сега, дванаесет години подоцна таа ја трансформира младешката култура до мера невидена уште од шеесеттите, кога канабисот почна масовно да се употребува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дванаесет години од таблетата Во октомври 1985-та THE FACE магазинот беше првото британско списание што објави текст за дрогата која штотуку беше прогласена за илегална во САД, и почнуваше да продира во Европа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)