мачно (прил.) - да (сврз.)

Јасен е долгот на секој чесен човек. Зар е толку мачно да се сфати вистината?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
О, боже, колку било мачно да трчаш со врзани раце и мокри алишта!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И беше мачно, о боже, колку беше мачно да се повлекува тажна линија меѓу сите тие мириси и струи, меѓу окца и младици, меѓу свирки и светлини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)