мигум (прил.) - во (предл.)

Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко, слушајќи го внимателно и занесно Игора Лозински, се пренесе мигум во судбинското патување на семејството преку морето и океанот во пресудната делбена ноќ, кога едни го презедоа патот на заминувањето на јагулите, а други патот на враќањето на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ме фрлија мигум во лежалка на тивко крајбрежје, каде шумливите бранови го прелеваа сето она што Типот кој бараше запалка умееше да го каже.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Врвејќи крај ѕидот, се видов мигум во огледалото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)