мил (прил.) - дека (сврз.)

Значи, сметајте дека сте на визита кај Роман Гигов Грофот и мене навистина ми е мило дека доаѓате на време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ја ценам точноста и прибраноста кај луѓето што ме посетуваат, ми објаснуваше тој пред два дена вадејќи ги сите зборови од својата насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На децата им беше мило дека зајко останал жив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)