мирно (прил.) - рече (гл.)

- Не плаши ги глувците, - мирно рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Возрасните се разумни и без причина не напаѓаат постари од себе, мирно рече Дамче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„За тебе“, мирно рече „Бледа си. Можеби лошо спиеш.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Кога ќе дојде време – мирно реков јас, и бев сосема сигурна во тоа што го зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Гајле ти е тебе, ти го имаш Игбал, ти пишува дури од Индија – се пошегува Мацка и ми се стори дека малку ми се потсмева.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Право е оној што ја делкал клупата да седи во неа, - мирно рече учителот Мирчевски.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајка, пред да предусети што се случило, мирно рече: – Пред некој ден, забележав дека на сликата на другарот Сталин, и самата не знам од каде, се насобрал голем прав.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Добро, де, - мирно рече таа, - јас ќе си купам „на божемски“ и ќе ти го донесам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)