мирно (прил.) - во (предл.)

Ракијата не стои мирно во човекот, како што стои во матерката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така сега Зоки и неговото Сламено Мече лежат мирно во постелата, покриени дури до устата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Значи, нашата крв се пролевала за правата на тие народности што или си седеа мирно во време на борбата или беа против нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, петлите продолжуваа да крвават, а малку потоа небото зрачеше пак со онаа своја топла белина, наполно мирно во еден миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали си подготвена да го потиснеш негативното во себе, оставајќи го мирно во тајните на твоето битие?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не чувствуваше ни радост туку некоја тага со желба да седи мирно во неа, по можност вечно, да ја исцеди тагата во којашто му беше потопено целото тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ќе влезат тие на таванот, петелот секогаш стои мирно во еден агол, не се ни трга, ни бега, само така стои и понекогаш гледа во Зоки со своите љубопитни очи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)