многу (прил.) - сум (гл.)

Одеднаш пак не знам каде сум, но задоволен сум што се наоѓам тука каде што се наоѓам. Многу сум задоволен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Многу сум свикната со ова училиште и со овие наставници, - реков.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Многу сум извалкан, кога ќе нѐ бањаат? - го праша еден ден Мацко мачорот, со кој се беше спријателил.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„О, Даниел, многу сум среќна. Одвај чекам бебето да дојде и да го видам. Знаеш дека ќе биде машко.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И ќе ти признам зошто. Пак поради таа пуста пичка. Многу сум лифен по жени. Си признавам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу сум среќна и сигурно се чувствувам во земјава во која законот се применува неселективно... за сите, без исклучок. А, така и треба, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не можам да гледам плачење. Многу сум жалостива! - рече Јанка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
СЕЛАНЕЦОТ: Од добрина и убавина, од мила. убавина, брату!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Море, стар сум, ама како обрач се виткам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Многу сум ти пијан, проштавај! Трештен пијан, пијан како земја в пролет.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Се битиса и се батиса се... Многу сум балдисал, нешто ми се скршило овде. (Покажува на градите.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Многу сум им благодарна за тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Како, го прашувам. — Спасете ме, вели, зашто многу сум ве сакал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не претеруваш малку, велам. Не претерувам, вели, многу сум слушала за нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе го изневерам, многу сум понежна со него.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ПЛУТА - „Многу сум му лута на господин Плутониум!“, рекла една плута што мирно си пловела по една река толку загадена што ја нарекле Плунка. (забележил: Плутарх)
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Благодарам, благодарам, и Ве молам: ќе ми кажете ли нешто повеќе за тоа, оти многу сум, љубопитна!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ама сега многу сум изморен и гладен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Една бела кокошка сакам, овчарко - му рекла - чунки многу сум мерак на белите кокошки, дека поеќе нив ји лојам, ноќе коа да одам да ји ваќам по кокошарници.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
-Вреќата навистина е празна! – си рече, уверен во кажувањето на старецот. – Празна ќе си ја приберам, нема да тежи! Многу сум ти благодарен!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И на школо ни кажувале, ама и вака многу сум читала за Европа, многу, многу го сакам Париз, ама севезден мечтаам за Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Неговото плачење ме потресува! - Не можам да гледам плачење. Многу сум жалостива! - рече Јанка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)