многу (прил.) - девојка (имн.)

Гимназијата од машка станува мешана, се сменуваат некои професори, доаѓаат многу девојки од женската гимназија, ама ниедна во нашиот клас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На неколку пати испадна смешен препознавајќи се само заради тоа што многу девојки имаа иста боја на коса како онаа на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Модрата челуст на мракот е безгласна, под влажните покриви на куќите болуваа од жед по него многу девојки со топла кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)