многу (прил.) - дел (имн.)

Човековото индивидуално тело за него е составено од многу делови коишто имаат своја индивидуалност, што дозволува плуралитет на неговите идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во многу делови од денешниот машки свет, дури и во индустријализираните либералнодемократски држави, она што се смета за нормално понекогаш повеќе има врска со родовиот стил и со сексуалната улога, отколку со изборот на сексуалниот објект (односно, отколку со полот на посакуваниот сексуален објект).51
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, многу години пред теоријата за хаосот да стане популарна, една мала група на научници, вклучувајќи го тука и Херберт Сајмон, Иља Пригожин, Херман Хакен и некои други бараа теорија за сложеноста, општи принципи за систем чии многу делови заемодејствуваат и создаваат сложени поведенија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Додека Декарт она когито го здоби со отуѓување на телото (перцепцијата, емоциите) од својата суштина, Спиноза тврди спротивно, дека свеста е свест на телото и дека индивидуалната свест и „индивидуалното“ тело се едно нешто, само различно разбрано.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)