многу (прил.) - мисла (имн.)

Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
2. Чудно нешто се случуваше со ибн Бајко. Откако во Нерези, на очиглед на сите светци што се грижеа за неговото спасение, им пријде на седнатите турски големци, главата како да му зовре од многу мисли и планови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Одозгора си ги фрлија тешките мутафи. Многу мисли немаше Петре таа вечер: ни за впечатоците од денот не оддели многу место во главата: небаре мозокот му беше вкочанет, како и нозете.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)