многу (прил.) - ѕвезда (имн.)

Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сигурно се прашуваше кој ги пали и што ќе му се толку многу ѕвезди.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Те гледам се молиш покрај една света рака И во копитата на коњот што го враќа твоето момче Има многу ѕвезди и – амин меѓу ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)