многу (прил.) - за (предл.)

По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето во Одделот за документација не зборуваа многу за својата работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Петар, мораме да станеме, денот врви има многу за работа... рече тивко Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не стануваа веќе рано и не гледаа на работата со таква волја како порано; добитокот не го војвеа, ниту се грижеа многу за него, туку, како тој да им беше виновен: го тепаа, го колеа, го јадеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Две твои и две мои, Многу за твојата сиромаштија, Јаго.“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие не размислувале многу за последиците од нивната акција, дека и тие би можеле да бидат тешки.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Веќе ни даде“, рече Калија, „и фала му многу за тоа“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, тоа е многу за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Широко ја отвори вратничката, што беше натрупана високо со снегот однадвор и не мораше да се оддалечува многу за да подзастане и да гледа како мочката пробива црвеникава инкаста дупка во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се разбира, со нив одеа и неколку раководители, но Зоки не се грижеше многу за нив. Нека се грижат тие за него!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Не знам многу за тие политички разлики, но мислам дека Корнелиус изгледа сака политика во која нештата им се наметнуваат на луѓето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)