многу (прил.) - добар (прид.)

— Мори, жено, „лоши". Не само што не се лоши, ами многу добри се.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој е инаку многу добро момче. Од многу добра фамилија. Јас го познавам лично татка му. - Високиот?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„О, ти си бил многу добар, ти сакаш да дадеш двесте лева за мене”, се јавува однекаде пак Франц и сметина капа: „благодарам”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Две илјади динари! Па треба да знаете: тој е добар, многу добар, но тој е трговец, води сметка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Живеењето на млади Македонци во Србија секогаш имаше многу добро влијание врз интересите на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Даскалот ќе го тргнат. Утре ќе дојди нов. Рекоа дека е многу добар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еден многу добар за еден брод полн со бегалци како го бомбардираат некаде во Медитеранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ДВЕ многу добри, дури неразделни, пријателки во Франција станале до смрт непријателки само поради смртта на едно куче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа се извонредни луѓе - многу добри стручњаци и работници...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Говори ми за претставата, за мене, за мојата игра. Нели беше многу добра, одлична. Вистинска Јанте.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На моменти си мислев дека тоа не е убаво од мене и дека, можеби, жената е многу добра и не заслужува јас да ја избегнувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој е сепак многу добар и те обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- И баба ми и тетките се многу добри. Сите роднини многу ме сакаат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Навистина? Го имаш на слика а зборуваш ли зборуваш? Како навиен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денешниов Иван сликан пред дваесетина години.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Открив кој е таткото на Иван. Ја имам и неговата слика.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа е лошата вест. И една многу добра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ја потсетува зошто таа не дошла да го донесе Дончо на првиот час во училиштето туку ја испратила Митра, не почнува разговор за тоа што децата не се во едно одделение а не ѝ ни кажува дека на Пеличка ѝ се падна една многу добра учителка, Како онаа од Долнени, сакаше да проговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Подводниот крал Вок со едно око е многу добар крал кога спие.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Оттогаш се направени два или три многу добри римејка. œœ Дали сакавте публиката без двоумење да поверува дека Новело (Ivor Novello) е убиец?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Свртивме лево, го прегазивме селскиот макадам, ги растеравме кокошките од крајсокачните буништа, и откако нѐ излааја речи сите селски кучиња, излеговме од селото и го фативме многу добриот пат. Камен до камен, локва, кал – не измеривме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш ми даде нафта за горење и макарони. Станавме пријатели. Многу добар човек.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но имајќи го предвид она што Богуле во текот на годината одвреме-навреме извонредно ќе го кажеше - му одредуваше општа оценка: многу добра.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)