многу (прил.) - силен (прид.)

Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По три дена. Ноќ. После полноќ беше. Таа сети силни болови, толку многу силни, што преку неа како нож да ја исече.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овој пат ќе бидам оптимист. Затоа што сѐ уште верувам дека таа љубов е многу силна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Газда Таки беше пред сѐ трговец, бизнисмен, но беше и човек на својата земја, Македонец во окупираната Македонија кој ја сака родната грутка и кој имаше моќ да не им се повинува на силните. Бидејќи и самиот беше многу силен.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Додека Тамара нешто раскажуваше, таа воопшто не ја слушаше туку во себе чувствуваше многу силна мешавина на лутина, возбуда, разочарување, вљубеност, бес, љубомора, очај, повреда, радост што го гледа....
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Одела што одела гемијата по правиот пат и по некој ден свртел еден противен ветар многу силен, та кога ја подбрал гемијата по морската ширина, летала како некоја црпка по талазите што биле по морето.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Причинско – последичните врски се многу силни, сплетот на околности коишто ги проектираше твојот ум може да се материјализира.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)