многу (прил.) - тежок (прид.)

Беше многу тежок во неговиот џеб, но за среќа не правеше големо испупчение.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа задача е многу тешка и бара големи заеднички усилби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Видов дека ситуацијата со ранетите е многу лоша. Приближно триесет многу тешко ранети. Условите многу примитивни.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)