многу (прил.) - уморен (прид.)

Кога вечерта останавме сами со Дино во нашата соба, тој не сакаше да разговара за ништо, тврдејќи дека е многу уморен од работа и дека не сака да се занимава со глупави женски караници.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Христина, ти како да си многу уморна вечерва, - ми рече татко ми со благ глас откако вечеравме, - легни си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред влезната врата го стресува снегот од себе и влегува во одајчето со променето лице, најдувајќи ја мајка Перса задремена крај малечката Пелагија. Ѝ се извини на мајка Перса што се задржале толку многу, ѝ рече дека е многу уморена и дека каснала со Чана кај Танаско и сега не е гладна, туку дека е гладна само за сон, па така не мораше да објаснува зошто се врати со стемнето лице.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зедов цела шницла и исто како претходниот ден ја набутав во уста и полуизџвакано ја изголтав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Милиционерот се смешкаше, дедо, ми исто така, но беше малку поблед одошто е вообичаено и изгледаше многу уморен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)