многу (прил.) - љубопитен (прид.)

Имаше многу љубопитни луѓе како мене, на галеријата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но Семјон ме предупреди, и тоа уште таму, пред онаа тешка огромна порта, дека не смеам да бидам многу љубопитна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Седевме таму едно половина час и му велам на чичко ми Борис: Може ли да ме известиш ако почне движењето, а јас да се симнам долу да видам до каде е лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ем сум гладна, ем многу љубопитна да дознаам дали сум го упропастила лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Возрасните немаа време од работа а ние бевме многу љубопитни и палави.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)