многу (прил.) - блиску (прил.)

- И вие сте навистина, многу блиску до историската жртва на задоцнетото и погрешно прифаќање на идејата – комунизмот да ја замени религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дестинација што има море кое е многу блиску.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше некаква пресметана крволочност во очите на момчето, сосем јасна желба да го удри или да го ритне Винстон и свест дека е многу блиску до возраста за да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега се одзваа од многу блиску и сите други гласови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Германските нацисти и руските комунисти стигнаа многу блиску до нас во нивните методи, но тие никогаш немаа храброст да си ги признаат сопствените мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Плачеше од тоа, што тој уште ниеднаш во својот живот досега не бил толку многу блиску со ниеден човек, како што беше сега со овие четворица, што го имаа понесено, а во еден миг и со сите други.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Убаво го гледаш, многу блиску ти е, но не можеш да го допреш, ниту пак да го помирисаш. Стаклото ве одделува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти си сосема луд“; одеднаш, Земанек инстинктивно ме турна, оти се слушна сирена на воз, многу блиску; веќе во следниот миг ние се тркалавме по насипот, и јас и Земанек, еден преку друг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)