многу (прил.) - добро (прил.)

Многу интересен е податокот дека сето тоа било многу добро смислено.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во учењето Гоце многу добро напредуваше. Не сети како годината мина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- А, Гоце, како оди учењето? - го праша татко му. - Добро, многу добро...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Третиот господин од публиката крај бунарот, Џорџ, Ѓорѓи Шумка, човек со грло и со глас што ги раскостуваше ридјата наоколу, рече дека се копа на погрешно место, дека тука вода не излегува, но дека местото е многу добро за гаража. „Јес, мистер“, ми рече мене, „добро е за гараж“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури на крајот станаа и изустија: Многу добро Симон, господ на помош, многу добро, камо да се стори! И заминаа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивната мала ќерка, која веќе научила многу добро да говори француски, не знае да чита ниту да пишува на македонски јазик.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овие фотографии беа репродуцирани како илустрации за реклама во весникот, фалејќи го измислениот лик „Редуко“ и гледачите многу добро можеа да ја видат оваа реклама како и мене лично кога Вилијем Бендикс ќе го рашири стариот весник кој го закачивме на бродот. Таа улога беше голем успех.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Највисокиот закон на азијанизмот е самоволието“ (Норден), но, ќе видиме, мошне често станува збор за многу добро промислена и пресметана самоволија.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најпознатиот цар Самуил и неговите слепци многу добро знаеме како поминале, а единствен цар со кој би можеле да се пофалиме е само Ѓорѓи Колозов од македонските приказни.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како си? Добро си?... -Многу добро! Многу добро!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас знаев многу добро: писмата, ракоплескањата, букетите, убавите зборови - сето тоа е за уметникот најголема радост, крила со кои тој лета...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ние прилепчани многу добро го знаеме, порано како четник и ајдут, сега како грабач на туѓи имоти и „народен претставител“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од таквите другари изгледа најдолго ќе го паметам Грофот од УДБА, оној кој и сега штом ќе зајде сонцето го нагрнува црниот кожен капут.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ти ништо не разбираш“, рече. „Да, можеби не разбирам што е тоа здрав народен дух, но многу добро разбирам што е нездрав секс; може рбетот да ти се искриви по џипови“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Се сеќавам, многу добро се сеќавам - изусти тихо Филип без да ми дозволи да ја довршам мислата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Кафе – замолив. - Хурије, вале триа кафедаќа31 – викна на грчки. - Милате елиника? – го прашав.32 - Да, зборувам и тоа многу добро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу добро, би рекол одлично, го познавам и Г.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Сестричето било поголемо. Си живееле многу добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Учителке, нели беше многу добро, учителке, и другпат така да организираме - викаа насобраните околу неа деца, а некои не ја испуштаа нејзината рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ти, иако си мала, многу добро се сеќаваш каков убав живот имавте, како сложно и среќно си живееја мајка ти и татко ти.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А и Христина, навистина, ги заслужи, рецитираше и глумеше многу добро.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога тој ден сами без тато отидовме на гробишта видов дека Вера многу добро знае каде е гробот на мајка ми, и нѐ поведе право таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Треба да знаеш оти со Св. Петар, клучоносецот стојам многу добро.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Знае многу добро да гледа на дланка. – Па ти отсекогаш си била рацоналистички настроена. – Но, таа ја претскажа смртта на сестра си!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Добро, добро е, многу добро што успеав да го навлечам да се исповеда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Ти многу добро знаеш дека нема да те оставам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: Не. Тоа - никако. Вие многу добро знаете какво мислење имам јас за Иванов и како се однесувам кон неговите решенија? Нека биде онака како што решил тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Вие секако многу добро се сеќавате за неговиот лик, неговиот од, воопшто за...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку богомолен човек е Иван Иванович! Секоја недела тој го облекува палтото и оди во црква.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Младичот беше задоволен и често повторуваше дека ова ќе мора да им успее, му објаснуваше дека ги притиснале в ќорсокак луѓето од монополот, го извеле тоа многу добро, а за она му рече дека тој ќе мора да си однесе и нешто дома, таа пролет; тој веќе беше почнал да се подготвува за одење в село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И еднаш тој можеше многу добро да го сети во своите прсти здивот на тоа живинче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште следниот миг тоа можеше да го сети добро врз својата кожа и мечката од другата страна на таа снежна странка; нејзе тој многу добро ѝ го покажа тоа уште со првиот следен истрел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа им носеше чудна отвореност во погледите, од неа на сите им беше многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко го знаеше тоа за сето време, застанат крај чамот, што беше доста дебел, а постојано со едно проклето чувство како некој да го имаше исфлено на една ѓаволска сува долина, на некоја гола ведрина, и сѐ, што можеше да стори, беше да испука уште три истрела, нишанејќи право во челото на она заскокано ѕверче што стануваше со секој миг сѐ поголемо и сѐ понасочено кон него, право на него, како некој истрел, единствен и неизбежен, а за сето време додека пукаше, остануваше свесен дека со тоа нема да може да стори ништо, бидејќи знаеше многу добро дека сите делови од телото на тој затрчан самјак беа заштитени во дебела кожа и со непробојна коска, така што на тоа негово место не би можела да му помогне ни кртешница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа се разлики во ткаеницата на мислата. Змејко многу добро го знаеше тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа можеше многу добро да му го каже она густо врнење на острите ситни снежинки, што паѓаа право, воопшто без поигрување, што се сипеа прегусто и преситно во посивената белина на тој ден надвор, кој со нив изгледаше како целиот да е една голема грутка настрхната голомразница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше чисто испрана и тоа тука можеше многу добро да се види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето ги познаваше многу добро неговите раце и сега тоа ги лижеше нив, задржувајќи се со јазикот најмногу на неговите нокти, на јаболкцата и на подноктиците, каде што остануваа скриени зрнцата сол во поминатите денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше многу добро што значи еден таков пат по еден толку висок снег, што можеше да биде длабок и неколку метра под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Големиот Ристан многу добро чул како инженерот рекол по него дека не сака да го види повеќе на ова градилиште. Големиот ја загуби работата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко го разбираше многу добро сето она што се криеше зад тие зборови на Дуко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, само по три чекори по замрзнатиот чардак на снегот, тој можеше многу добро да види како кон неговиот зајко се приближува една голема мачка, со своите меки, еластични стапки, со своите тивки, чиниш лепливи пречекорувања на кусите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ноќта беше ноќ за сами суштества, една и премногу придавена ноќ за една притисната до последниот, до оној најпоследниот пристан осаменост, и тој го сети многу добро тоа, склопчен во својата шумурина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко го сеќаваше тоа многу добро и по себе, а не многу подоцна, уште во првата идна пролет, тој можеше да го види и тоа и во многу други.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, кога го сети своето приближување кон сето она, можеше многу добро да ја открие и длабочината, а и сето самоодречување, и сè друго, што некогаш само го насетувал кај својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека во оваа шума југовината беше стасала само колку да ја смекне површината на горниот слој од тој снег, а после дошла северната ведрина и таа знаела многу добро што да стори со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Стоп, - ја прекина Томо, - оваа серија ја режирав јас и многу добро ја знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во целата таа работа дури по неколку дена се запозна со Атина Димоска (официјално Димовиќ), познатата битолска шивачка, за која се зборуваше дека е вдовица и жена која многу добро си го познава занаетот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Многу добро ме разбра, мој Камилски. Но да ги оставиме јазиците и јаничарството за друга дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Но вие пишувате на него многу добро“, рече О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, само пред четири години - како што Винстон многу добро знаеше, Океанија беше во војна со Истазија и во сојуз со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не, тој збор не го знаев, но го знам тој вид луѓе, и тоа многу добро.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го стори тоа, иако многу добро знаеше колку е опасно да покажува премногу интересирање, тој не можеше да се воздржи да не го прочита уште еднаш, колку да се увери дека зборовите навистина беа таму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Те знам јас тебе“ како да велеа. „Јас гледам низ тебе. Знам јас многу добро зошто не отиде да ги видиш затворениците како висат“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Во сеќавањето. Многу добро. Ние, Партијата, ги контролираме сите документи и ги контролираме сите сеќавања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Начинот на поведението и изразувањето на старчето, на впечатлив начин, на Едо му наметнуваше претстава за Петра што тој многу добро ја разбра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многу ме погоди кога ми кажа дека играла многу добро чочек пред да... ја осакатите.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ти ќе свириш некои акорди што јас многу добро ги знам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ги наредив бомбоните во полукруг, од ѕидот откај што излегуваа кон балконот, и на балконот, до самата ограда, ги ставив најголемите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ане, многу добро ми изгледаш. Студот ич не ти делува. - Што да ти кажам, како роза зиме...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малку е тоа за да можеш некому да му ја наметнеш својата волја!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Знаеш многу добро дека јас и Денко Самоников се знаевме колку за едно службено доброутро, или за она необврзно како си?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо велеше: ,Не е многу добро да е постојано добро". 2.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влатко отиде во својата соба од средната фиока го зеде албумот и кај завршната групна слика од VI одделение внимателно ги стави оние три пожолтени листови од под тополите извишени крај Маркова Река. 7 Октомври е месец со многу наставни и воннаставни задолженија, па времето мора многу добро да се организира и за учење и за исполнување на задачите предвидени во воннаставните секции.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Тоа е многу добро“, рече дедо Владимир, „да другарувате, да си помагате.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Зашто колку шо знам чупчето многу добро учи, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јане сфати или барем така му се стори дека го прашува како му и на брзина рече: - Добро, добро, многу добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, другарче, многу добро те разбирам, Ти си Македонец, да?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Аферим,“ рече тој и за грозјето, и за речта. Во мене имате пријател. Ибн Тајко го знае тоа веќе многу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама прави си како сакаш – во септември никој нема да ти биде крив ако...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нормална сум и тоа како – го повиши гласот тетка ми – ти многу добро знаеш зошто го зборувам ова.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во првиот момент одглумив дека не ми е познат, иако многу добро го знаев тој човек, а и целата јавност го познаваше како многу контраверзен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)