многу (прил.) - успешно (прил.)

Спротивно на тоа, Стомачето многу успешно ме шармираше со вербализација и интелект.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакам веднаш да додадам дека во случајов не станува збор за одамна познатите и многу успешно опишани девет кругови на Пеколот, туку за чудни барања пропишани од страна на човековиот ум со кои преку пропишан ред и утврдени правила се насочува однесувањето на поединецот во организираната држава и се одредуваат казни за непридржувањето кон овие правила.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
МЕШАЕВ ВТОРИ: (На Љуба) Знаете, чудно нешто: ете - обидот на тој господин, и уште една прекрасна средба, која тукушто ја имав, ме потсетија, дека јас во свое време од немање што да работам се занимавав и со хиромантија, онака, аматерски, но понекогаш многу успешно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Знаменитост несомнено претставува стоковната куќа изградена од алуминиум, која е затворена од сите страни а прашањето на светлината е решено многу успешно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И филмот, како и драмата, започнува со сцена во која Марта, ликот што го игра Елизабет Тејлор, прави своја пијана изведба на Бети Дејвис и ја изговара нејзината денес веќе класична реплика, попусто тормозејќи си го сопругот да се сети како се вика непознатиот филм во кој прва ја изговорила и се обидува, не многу успешно, да се сети на сижето на филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу успешно знаеја со своите вицови и досетки да ја разбијат монотонијата на ова патување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)