многу (прил.) - често (прил.)

Тој живееше во Монастир, а тука, во Маказар, во нивната куќа, доаѓаше многу често.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа мистериозна игра, која јас така почнав да ја нарекувам, продолжуваше да трае сѐ до крајот на работниот ден и многу често ми пречеше во работата, особено кога се трудев да се задлабочам во нешто.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сега многу често знае да каже ...сега знам како треба, само да можам да ги вратам сите тие години назад...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Многу често ми недостаува насмевката на вујко ми Пане Скендеров. Звучна и синхронизирана.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луј Армнстронг, Ела Фидџералд, Нет Кинг Кол, Гершвин, Рапсодија во сино, Порги и Бес... беа многу често присутни во нашиот дом.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ми недостасува и погледот на Вангел, секогаш подзадреман, како отсутен, а секогаш тука до нас и за нас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ништо лошо. Проблем е што многу често доаѓаме во ситуации да бидеме евтини курви.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мајка ми многу често велеше: во таа вода има најмногу сонце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше само нејзината испробана метода да ме наговори да влезам во водата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ноќе ја сонував, бледа како Богородица; многу често ѝ ги сонував само колената, колената на Луција, и не ја гледав цела; колената ѝ беа слаби, измачени, и јас само можев да им се восхитувам на тие колена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу често се бањаавме и во вировите од рекичката до која од куќата се спуштавме по тесниот пат за некои си дестина минути.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А освен пакетите полни со храна, таа многу често носеше и ќеси полни со облеки и чевли, на кои беа напишани имиња на познати бутици од Champs Elysee.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа слика длабоко се врежа во мене затоа што често, многу често го допирав увото до устинката на школката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Често, многу често влегував во блискиот манастир. Влегував и наутро, и напладне, и навечер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веројатно затоа што Охрид тешко може да се нарече централен град дури и во тогашна Македонија, Мисирков многу често зборува само за „велешко-прилепско-битолското наречје” како основа на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На мајсторите им пречеше тоа негово заостанување и тие некое време го поземаа постојано подвикнувајќи кон него секакви шеги, а многу често и пцости.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другите два листа беа фотографии на водачите, стоеја тука од првото лето кога ја пуштија пиланата, имаше нешто чудно блиско во погледите на тие двајца луѓе, во чија што топла и сериозна загриженост Змејко многу често сакаше долго да гледа, мислејќи си ги своите мисли, не бес насетување и на змијарникот на своите сомневања, но и секогаш изнаоѓајќи нешто толку едноставно и срдечно, што би можел да им го рече на тие двајца луѓе, за кои знаеше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не. Сите мислат така, а јас бев ваков и постапив вака, иако и јас многу често не сум воодушевен од себе си ваков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И во тие времиња Змејко многу често помислуваше дека не е никаков привид она приближување на судбините со оној човек, со кого често изнаоѓаше дека има иста мисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето многу често знаеше да потскокнува од задоволство по таа топла просторија, а Змејко везден ѝ се смееше на таа врашка игривост, живееше само со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И можел многу често, тој, Змејко, по тоа нивно прикажување, да сети како под својата кожа го носи целиот оној свој некогашен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во последните години многу често помислувал дека другите му пречат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу често помислуваше на тоа дека сите тие имаат по нешто, со што го валкаат овој живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она старче многу често го носеше тоа како прогонење, но Змејко баш и прекумера чувствително кон тоа и секогаш избегнуваше да се покажува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу често тој сега се изнаоѓаше себеси како мисли со зборовите на оној младич, на својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа е стар војник, многу често дете од рурален предел, кој што има потреба да ги малтретира гуштерите.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Многу често потпаѓаше под влијание на средината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- За оние ќерко, што многу често ме повикуваат во сонот, а речиси ги гледам и на јаве.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се чувствува овде горчината на онаа западна имагологија која Балканот го гледа како нешто Друго, неевропско, како темно место и слепо црево на европските култури, онаа целосно погрешна претстава за имагинарниот Балкан (Марија Тодорова), која него го сатанизира, иако според интелектуалните достигнувања тој ист Балкан е папокот на светот, врска меѓу Исток и Запад, копчето на светот (Ферид Мухиќ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Плачеше... Многу често... Тивко. Безутешно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Напротив, многу често, токму таквите околности ја изострувале одговорноста и сочувството на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ќе погледнеме во речникот. Томе многу често употребува зборови на високо ниво!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многу често бев свесна што е целта и за што ме подготвува судбината.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Многу често се прашував што барам, каде одам со овој чудак. А, сепак, сѐ уште бев со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)