многумина (прил.) - му (зам.)

За обичниот човек никој не измислува досетки, не се мачи да го омаловажи, него едноставно никој не го забележува, а на Голем Тодор многумина му беа настрвени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Идеа поворки познати и непознати луѓе да го смируваат, да го тешат големото Мајкино срце, на кое многумина му должеа многу живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)