можен (прил.) - во (предл.)

Тоа повторно раѓање за кое говори Хундертвасер е можно во неговиот систем на размислување, затоа што, по негово мислење, од изметот се раѓа живот, како што, обратно, „стерилната чистотија е смрт“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таткото е глас; пишувањето е негова презентација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пишувањето е можно во тоа надоместување на таткото со привид на присуство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во неговата свест јасно се пробиваше главната линија на потрагата - беше можно во битолскиот вакаф да се кријат кадиските сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тука ја откривав и сложеноста на неговиот повеќекратен идентитет чии компоненти упорно се бореа наспроти големите балкански противречности од секаков вид за да ги помири во своето битие во хармонична целина, како што тоа беше можно во полифоното пеење на старите балкански народи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дека тоа во денешно време е можно во било кој од месеците на бременоста.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од татковите книги, кои неколку години по неговото исчезнување ги зедов со себе на брегот на Езерото, при првото прелистување, ми проблесна наследената метафора, како некаков продолжителен мит во потрага по полнотата на изгубениот континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вечерта, кога за првпат по три дни си отидовме дома, ја прашавм мајка ми како е можно во иста вечер да плачат, и да се смеат, да тагуваат по дедо и да забораваат на него, да си разговараат за други работи, па дури и да се веселат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)