можен (прил.) - дека (сврз.)

Така е можно дека во иднината сопственото тело интертекстуално и бесконечно ќе го рекомбинираме, што значи дека нема веќе да биде заробено во својата „конечна” функција, туку ќе биде по желба заменливо или компатибилно со други тела или со нивни делови - зачувувајќи ја сопствената свест - а сѐ ќе биде во служба на барањата на интересите на половата наслада.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но не, не е можно дека тој тоа го помислил!
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но се чини можно дека нешто знае за тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Годините и конструкцијата одговараа, а беше сосем можно дека по дваесет години поминати во логор за принудна работа луѓето да претрпат извесни промени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не веруваше дека го слушнал зборот Ангсоц пред 1960 година, но беше можно дека во неговата староговорна форма - „ Англиски социјализам“ - бил во оптек и порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)